Logo

Welder"ЗАВАР КОМПАНИ" е претпријатие за производство, трговија, инженеринг и услуги во областа на машинство.

Од основањето до денес, нашата компанија се оформува и оспособува според барањата на купувачите, а со цел да се создаде еден заокружен систем кој континуирано се надоградува.

"ЗАВАР КОМПАНИ" Скопје е фирма специјализирана за сите видови заварување. Се бави со производство на процесна опрема, наменета зе прехрамбена индустрија, хемиска, фармацефтска индустрија, изработена од нерѓосувачки челик-инокс.

Во рамките на нашето производство можеме да спомнеме и опрема за рударство, металургија како и производство на сексков вид на машини.

Изработуваме ентериери и делови од ентериер (уникатни парчиња) претежно од нерѓосувачки челик. Претпријатието има сопствено производство, развој проектирање, инженеринг и маркетинг.

Сите вработени во "ЗАВАР КОМПАНИ" Скопје прават лични напори за разбирање и исполнувње на барањата на купувачите. Секој вработен е одговорен и мотивиран за професионално извршување на својата работа, благодарение на стратешката определба на раководството за вложување во знаење и развој, што се постигнува со континуирано усовршување и обука.

Најголема награда за залагањата на управата и вработените во "ЗАВАР КОМПАНИ" е задоволството на корисниците и успешната имплементација на Системот за квалитет ИСО 9001:2000.

Завар компани го има сертифицирано системот за квалитет ISO 9001:2000

ISO 9001:2000 acc TUV CERT ,TGA (DAR ) Rheinland issued in Budapest .

Завар Компани го има сертифицирано системот за квалитет ISO 14001:2004

ISO 14001:2004 acc TUV CERT ,TGA (DAR ) Rheinland issued in Budapest .